Ме викна командатот на баталјонот и ми рече: Милке, тебе ќе те преправиме во селанка, ќе те качиме на еден коњ, ќе го товариме со дрва и ќе одиш во Прилеп, божем продаваш дрва, за да видиш каде е непријателот и да се распрашаш со колку оружје се наоружани.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Во тоа време дојде комесарот Здравко и му вели на командантот: Абре, со кој ум вака решаваш, кое женско денеска, во вакво време продава дрва, особено вакво девојче и во што било да го облечеш може да го осудиме на најлошата смрт. И така Здравко ме извлече.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Другите останаа во Крстец. Тој ден останавме таму на позиција.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Јас никогаш не го имав видено Прилеп а камо ли дрва да продавам таму.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)