Ако му свикаа да се сврти како што треба, џвакаше безволно, споро, како секој залак да го испитува и проверува во устата.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ни недостанува уште некој Проверите во џеповите на вашите шинели Чии раце се греат.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Или само сакал да провери во каква состојба е таа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
На синот- наратор, кој ја наследи татковата библиотека, враќајќи се од своите дипломатски мисии, како амбасадор на двете држави кои во голем дел го обележаа животот на бегалското семејство - Југославија и Македонија, кои го ширеа кругот на семејниот егзил, продолжи да трага по преостанатите тајни во татковата библиотека, кои не можеше да ги провери во животот, посебно обземен од наследената таткова опсесија да трага по тајните на владеењето, за кои балканската историја нудеше безброј искуства.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Предводникот провери во што беше работата и, пцуејќи, нареди колоната да тргне.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тогаш млад полицаец откако ги прелиста пасошите и нивната автентичност ја провери во компјутерот, од фиоката извади лист со отпечатени графи и почна да прашува за име, презиме, име на мајка и татко, место и при тоа веднаш предупреди: - Не така како што сега се викате, туку како што се викавте...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
За „теорија“ веќе не се смета пасивното набљудување на идеалот, туку прогресивната изработка на модели што можат да се проверат во пракса, значи низ посматрање и низ експеримент.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Сериозно сметам дека вистинската љубов откако ќе завладее со нас избегнува да се проверува во допири со омразата.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Споредувајќи го неизвесниот пат на своето семејство со патот на јагулите, тој му ја доверуваше во ноќта на Игор Лозински својата водечка идеја дека сѐ што се случува во природата на планетата Земја, може да се провери во човековиот дух.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
„А тапетите по ѕидовите?“ „Да.“ „Проверивте во визбите?“ „Проверивме.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)