Забраната беше строга и даваше на знаење дека никој од присутните ергени во кино салата не може да ќари девојка по традиционалниот проверен метод - со помош на книжен фишек наполнет со храна за папагали.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
И така јаничарството ја доживеа својата пропаст во Цариград и во големото царство, означувајќи го и падот на Империјата, но и натаму остануваше закоренето во европската свест и како проверен метод за употребата на странските војници во реализацијата на империјалистичко-колонијалистички цели, продолжи Камилски со уверлив глас.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)