А јас верувам оти е блиску до паметта дека Ролан го наговорил својот пријател да не прифаќа нов сличен договор за да не го потемни успехот постигнат со првата слика.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Мислевте ќе ве прифати нов свет, негибнат од инфективните раце на цивилизацијата, а завршивте како чорба на ритуалната трпеза на дивото племе Њам-Њам. – избезумен се врти кон брат му – Беднику, зарем не сфаќаш.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Подоцна се обединиле со други, ним блиски сродни племиња во регионот меѓу Палестина, Синајскиот Полуостров и Арабија, и тука во местото богато со вода по име Кадис под влијание на Мадијамците ја прифатиле новата религија, обожувањето на богот на вулканите Јахве.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Вечерта се одржа „куќен“ состанок за да се одлучи дали да ѝ се дозволи на Рада да ја прифати новата работа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И тогаш Митра го прифати новиот створ, му го претолчи папчето со две камчиња што ги спреми однапред за таа работа, скина од Достините плетенки едно конче и му го врза, го издигна за главче, го погледа и пред очите ѝ излезе нејзината Ѓурѓа кога се оддели од неа, и кога бабата Маса исто така ја однесе на горни крај во пепелта.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Култот на Јахве, според брат ми, меѓу Евреите го раширил мадијамскиот овчар кој имал исто име како и египетскиот водач - Мојсеј; но овој, вториот Мојсеј, под чие водство еврејскиот народ ја освоил земјата хананска, проповедал Бог кој бил потполна спротивност на Атон: Јахве бил обожуван од арабиското племе Мадијамци како „страшен, крволочен демон кој се појавува ноќе, додека избегнувал дневна светлина“; „суровиот, тесноград, локален Бог, насилен и крвожеден, им ветувал на своите поклоници земја ‘во која тече млеко и мед’, ги повикувал да ги истребат ‘со оштрицата на мечот’ нејзините тогашни жители”, сосема спротивно од проповедите на египетскиот Мојсеј кој на Евреите им дал “поинаква, продуховена претстава за Бог, идеја за едно единствено божество кое го опфаќа сиот свет, божество кое е исполнето со љубов подеднакво колку што е исполнето со моќ, и кое на луѓето како највисока цел им го поставувало животот во вистина и праведност”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И сега, кога ги следам пред овие идеолошки водичи на Атеистичкиот музеј во Скадар, тие сѐ повеќе ми личат на видените дервиши во детството, сега како вистински црвени идеолошки дервиши на новата вера кои по наредба или според болно соживување се предаваат на реторички оргии сакајќи во нивниот транс да го искоренат стариот бог од луѓето и да ги натераат да го прифатат новиот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Итрецот сакал барем по нешто да ја издвои собата на Сузи од изгледот на собите на другите девојки.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)