прифати (гл.) - наш (прид.)

Отпрвин малку нељубезно го прифати нашето запознавање но тоа набргу прерасна во попатно мало пријателство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Помислата на некојшто го мрази она што ние најмногу го сакаме, за нас е неподнослива, особено ако му успеало да ја придобие наклонетоста на некојшто го сакаме; ако си замислиме дека некој се радува на некое нешто, што може да го има само еден човек, ќе се трудиме тој тоа да го нема; ако си замислиме дека саканото нешто врзува за себе некој друг со еднакво или поблиско пријателство од она со кое што нѐ врзува нас, кон саканото нешто ќе почувствуваме омраза, а на другиот ќе му завидуваме... okno.mk | Margina #32-33 [1996] 78
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нашите “љубови”, во коишто сме подготвени да ја видиме само здружувачката моќ, нѐ раздвојуваат исто толку колку што нѐ здружуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Складност на вреднувањата на другиот со нашите ни е потребна, за во нив да го чуеме неговото почитување, потврда или признание на нашето самољубие - нешто што не можеме да го добиеме од некојшто не ги прифаќа нашите норми.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Добриот бог на судбината ни го донесе и Татко. Ја прифати нашата радост.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можеби Советите ќе ја прифатат нашата вистина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)