прифати (гл.) - друг (прид.)

- Да влеземе внатре! - предложи едното. - Влегуваме! - прифати другото.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Напротив, со неговиот добродушен израз, со насмевката која бавно се прелеваше во благи движења на усните, во собирање на густите веѓи, тој успеваше да го придобие, смири, прифати другиот во помирлив разговор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се разлеа ѕвонлив девојчински глас и веднаш го прифатија другите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но во оваа Таткова појава, за некои егзотична, а за други пресмела, потсетувајќи на соборената класа, зрачеше неговата, речиси амблемска, милозвучна добрина од изразот на лицето, спремноста секогаш да го разбере и да го прифати другиот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)