прифати (гл.) - идеја (имн.)

Татко, најпосле ја прифати идејата на Климент Камилски да ја започнат замислената операција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неговиот мотив е дека доколку ние мислиме дека јазичните игри секогаш би требало да бидат ограничени од правилата, тоа би значело дека повторно би ја прифатиле идејата на Tractatus-от за фиксирани правила кои лежат во основата на јазикот, или поопшто земено, на еден поим за смислата на изразите кој е објективно детерминиран, независно од употребата која им ја наметнуваат говорниците на јазикот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Она на што Витгенштајн сака да му се спротистави, е барањето изразено преку тврдењето „доколку има некаква нејасност во правилата, тоа воопшто не е игра”, или барем дека тоа не е „совршена” игра (PI, I, 100).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Еден ден дури ја прифати идејата во сабота навечер да излезе со своите другарки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дишан: Часовникот виден во профил,изгледа така што времето исчезнува, но кој ја прифаќа идејата за време поинакво од линеарното време.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Предиспонирани кон индивидуален вид на борба, тие веднаш ги прифатиле идеите на Мерџанов и Манџуков, кој, ослободен од затвор, исто така пристигнал во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Досега тие едногласно истакнуваат дека југословенската федерација бара републикански состав на владата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Приврзаниците на оваа школа потекнуваат од различни таботи: некои од нив пред војната беа федералисти (на пример, Земјоделската партија, додека мнозинството се состои од луѓе што својата кариера ја граделе бранејќи ги автократијата и централизмот на кралот Александар".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од друга страна, истражувањата и анализите за политичките и воените ставови на раководството на НОД покажале дека "партизанското движење, од самиот почеток на своите акции, ја прифати идејата на федерализмот, како фокусна точка во нивното политичко планирање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На тој начин, сметале аналитичарите, "Владата во егзил, иако присилена да ја прифати идејата за Југославија и идејата на федерализмот, не ја напушти својата примарна цел, нејзините аспирации да обезбеди повоена српска хегемонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Партизаните ја прифатија оваа идеја како движечка сила во нивните планови за нова структура на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Фијаското на пансрбизмот во егзил го принуди Михаиловиќ да изјави дека ја прифаќа идејата за југословенски федерализам.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Перса не сакаше да навлегува во проблемите на Чана, таа е задоволна што Пелагија ја прифаќа идејата и вечерава можат да приготват гурабии, алва а и некоја суканица, а свечениот ручек кога ќе се вратат од неделната утринската литургија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)