Не мораш да го разбереш и да го прифатиш ова што ти го кажувам, но запомни: слободата е слободно паѓање, самоубиство во мигот кога мислиш дека си вечен, кога мислиш дека животот го живееш онака како што секогаш си го посакувал, самоубиство без причини и последици, нешто како катарза што те исполнува со пркос и можеби затоа не бараш виновници и не осудуваш никого во тоа долго, долго паѓање што може да трае и само еден миг.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во тоа паѓање Авни е мала попатна станица која може и да не се забележи во приквечерината на твоето паметење.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тешко беше да се прифати ова вистина! Пораката беше јасна, многузначна.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А можеби средината на листот не го прифаќа ова пенкалце?
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)