притиска (гл.) - и (сврз.)

Ако носиш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Спомените и пресилната доза од стварноста што си ја примил, притиска и се празни во сонот...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
– Тука Хорацио стана од клупата, се загледа кон ситната силуета на гусакот и почна: Ако имаш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Чувството на излажаност, не само во Борко, на кого му се имав целосно оддадено сѐ до тие денови во Долнец, дури и кога беше мртов, туку и во себе, во својата неспособност во годините да се расонам и да ја сфатам мојата имобилност, ме притискаше и ми ја одземаше онаа сигурност што мислев дека ја поседувам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)