Така козите и козарите тоа пролетно утро, поздравени од нашите детски погледи од тврдината, пристигнаа во главниот град... ***
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тука со лифт се качува на околу 220 метри и се пристигнува во еден ресторан.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Наскоро тие ќе пристигнат во Скопје о „Треска“ ќе почне да произведува мебел од полиуретан, сигурно прва во нашата земја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И така, „дортмунтскиот“ пристигна во големата минхенска станица.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И, без најавување и резервација, не смее да се пристигне во Будимпешта, освен ако се оди на гости кај некој пријател.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И така, пристигнавме во Дармштат, на градилиштето на Институтот за вселенски истражувања, каде што „бетонците“ градат една голема висококатница. Објектот беше пред довршување.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Австријците се родени туристи. Иако беше прилично доцна кога пристигнав во хотелот, гостољубивиот домаќин направи сѐ да нѐ пречека најсрдечно.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Иако пристигнав во Бадгаштајн во доцните вечерни часови пресретливите угостители љубезно ме пречекаа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
БЕШЕ ЕДЕН од последните овогодишни јануарски дни, кога со брзиот воз од Келн пристигнав во Франкфурт.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Негативен: - Позитивен: + Во плаво-црвената соба без прозори, полна со исцедени лимони и конзерви од некој странски експериментален пијалок штотуку пристигнат во Градот, лежеа Тој и Таа.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Во мај 1933 пристигнаа во Солун, полни со амбиции и со убави очекувања.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Лука Карер пристигна во првата квечерина и ги најде како тој, жена му и трите деца, го очекуваат во нивата куќа, со спакувани куфери, подготвени за скорешното заминување под закрила на ноќта.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Наблизу пиштат локомотивите со новите транспорти на живи луѓе со истоштени лица, најчесто со згаснати погледи и пресушена болка на откорнатици, луѓе што брзо, веќе навежбано се товарат во добиточните вагони кои поаѓаат проследени со пискотите на жените, викот на уплашените деца, занемените мажи, воздишките на средовечните, шепотливите молитви на старците пристиснати во своите први, подвижни ќелии, на луѓето што од страв се измокруваат во својата облека, на децата што несвесни за ужасот кој ги обзел нивните семејства, бараат простор за игра, во вагоните тргнати за далечната Полска во кои има едвај место за стоење.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Полни кафеани. Мешаница од луѓе, движење.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Потоа тој многугласен џагор, го покрива единствениот писок на локомотивата која поаѓа, тешко збивтајќи под товарот на долгата композиција што почнува да ја влече; товар што, од транспорт до транспорт, брои илјадници луѓе, милиони спомени, многу очаи, еден страв и нешто преостаната надеж.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Утредента Љупчо не дојде на училиште. Со Влатко, Ташко и Дејко не се запрашавме за него.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Тој пред некој си прчко Џеронимо нѐ нарече клинци и нема зошто да зборуваме за него.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ќе се вратам со битолскиот воз, а вие распрашајте се кога пристигнува во Скопје“.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Долу, кај Црна, се осамна и Митра веќе заборави оти живееше толку време во Мариово. Co лав, со муабет, со смеа и шака вечерта пристигнаа во Прилеп и кондисаа кај Биковите на ан.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Знаеше Госпоѓа Беранж дека сите таги пристигнуваат во писмата. Не знам кому повеќе да пишувам...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Кон крајот на 49 пристигнал во македонскиот град Филипи, каде надвор од ѕидините на градот ја одржал и првата христијанска проповед на тлото на Европа.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
По излегувањето од затвор, Павле го напуштил Филипи и преку Амфипол и Аполонија пристигнал во Тесалоника.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Тој преку Антиохија и Милет пристигнал во Тракија каде од тракискиот владетел Терес бил крунисан за цар. Извојувал две победи над Римјаните на реката Стримон.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
На 16, 17 и 18 декември 1943 година военото и политичкото раководство на НОВ и ПО на Македонија поминува низ Караџова (Меглен) и на 18 декември пристигнува во реонот на село Фуштани.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во ГШ на НОВ и ПО пристигнува во средината на јануари 1944 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Меѓутоа, по разговорите на членовите на мисијата им станало сосема јасно дека било невозможно да се пристигне во Бугарија “според претходно разработена маршрута од Прилеп за Горна Џумаја.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во радиограмата тој посебно ќе истакне: “најпосле преминуваме во напад“.191 Меѓутоа, во овој период основниот проблем ќе се појави со опремувањето на големиот број нови борци кои почнале да пристигнуваат во единиците на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Меѓутоа, во периодот кога пристигнува во Грција, ГШ на НОВ и ПО на Македонија поради германската офанзива во Западна Македонија, се наоѓал на територијата на Грција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Мисијата Conserve пристигнала во моментот кога на оваа територија се вршеле подготовки за напад врз градот Кратово.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
По неколкудневните борби со бугарските единици на 11 мај 1944 година бригадата со косовските баталјони пристигнале во Црна Трава, каде Ламби се сретнал со мисиите Burlesque i Claridges и со капларот Мултон кој ја носел радиоопремата.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
На 5 октомври 1943 година мисијата Mulligatawny пристигнала во Црвена Вода каде се наоѓале Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија и ѝ се придружиле на мисијата Monkeywrench која претходните денови пристигнала при ГШ на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Одговорот требаше да пристигне во секој миг.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И пашата не беше уште ни пристигнат во Ресен, а таму веќе трепереа во смртен страв, собраните во џамијата преспански аги и бегови...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Којзнае дали беше жив тој Турчин во далечниот Стамбол кога пристигнав во Чифлик за да проверам каде сум најдена.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кога втасав во населбата веќе беше населен со колонисти, туѓоземјани.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Со многу лежерен шарм, со кафе и неизбежната ракија, високолитражните Срби, на самиот почеток, чисто онака дипломатски, му ставија на знаење на Енценсбергер дека штотуку пристигнал во храмот на српската опозиција, во дисидентското светилиште.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Што друго да се очекува од суперсоничната постава на српските писатели, предводена од, божествениот новинар и писател; литературен деец и теоретичар; директор и уредник; сануовец и пеновец; добитник на Априлската награда на Сараево и Октомвриската награда на Белград, со еден збор, растерувач на мракот и пријател на мирот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
„Горбачов“ пристигнува во Скопје во 14,15, со пол часовно задоцнување, вообичајно за ваква железница.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
За да биде маката поголема, кога пристигнаа во Џивнув, наместо пижами, што ги снема, добија долги ноќни кошули.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А Винсент му рекол: “Тоа би било залудно, тагата засекогаш ќе трае.” .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Брат му пристигнал во лудницата додека Винсент бил сѐ уште жив, и се обидувал да го утеши него или себеси; му велел дека ќе ја преживее повредата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
По насловната фаза, која ви дава кратко објаснување на Југословенскиот конфликт, се пристигнува во интерактивниот мод, што се состои од три нивоа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Соочена со такви мрачни мисли мрзоволно го извлече ранецот од автобусот кој веќе беше пристигнал во дворот на Економското училиште.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Уште наредниот ден, заедно со стрикото пристигна во Солун, преноќева кај нив, а на другиот ден, вечерта, со едни прилепчани, кирајѓии, пристигна во Битола, кај тамошните деленици, за третиот ден, напладне, да пристигне во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Набргу потоа, по гласот дека џандарите му го истерале окото, и тој пристигна во Потковицата (Тогаш, во 1939-та, во приквечерието на втората Голема војна, заедно со тодета во Потковицата се вратија и многумина други нашинци кои беа отидени таму некаде, низ светот) па луѓето можеа да се уверат дека вистина било тоа што се зборуваше за него.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ќе се предаде ако сум навистина јас, ќе се припие на моето осветлено пространство, поубаво и повистинско; само да дојдам крај неа и да ја спуштам дланката на нејзиното рамо. * Клара Аицети де Араос и нејзиниот сопруг пристигнаа во Будимпешта на 6 април и се сместија во Риц.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Пристигна на мостот и го премина до средината одејќи сега мачно, бидејќи снегот се противеше, а од Дунав расте тежок ветар угоре, закачува и шиба.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тој е навистина машина. (...) Постои хардвер, физичка машина којшто е предизвикана да отвора и затвора електрични кола на посебен начин со шема од битови кои повремено пристигнуваат во неговите влезни единици.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
И така очекував во Алжир да бидам примен на голема врата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Вечерта пристигнат во Алжир, тогаш обземен со внатрешни немири, бев убаво пречекан од претставници на Министерството за надворешни работи во Алжир и сместен во најелитниот хотел.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Така некое време останавме таму, додека нашите веќе беа пристигнати во Прилеп, почнаа да се слушаат нивните истрели кои доаѓаа дури до нас.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ја праша дали знае каде отишла колоната, а таа само спушти раменици и му рече дека не знае.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Матеј веднаш му телефонира на Гаврил во САД, а тој рече дека резервирал карта за првиот лет и дека ќе пристигне во Скопје следниот ден во четиринаесет часот.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
II Штом се разбра за појавата на чадот, пристигнаа во селото претставници на власта од градот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Таа пак, збунетата наивка, која штотуку пристигнала во нашиот главен град да го практикува најстариот занает, ни две ни три, ми го залепи она што не го барав од неа.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Едно летно попладне Џорџ и Алиса Смит излегоа од возот што пристигна во Бијариц. За само еден час претрчаа преку хотелот до плажата, влегувајќи во океанот, па излегоа да се печат на песокот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
4. Откако пристигнав во Бостон, отидов во глувата соба на Харвардскиот универзитет.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Потоа го прашав инженерот кој работеше тука зошто чув два звука ако собата беше потполно тивка. Тој рече, „Опишете ги“.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Перцето ја кинеше хартијата на ситни ленти и распрскуваше мастило насекаде по излогот и рекламата, која и покрај тоа и понатаму можеше да се чита.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Штотуку пристигнав во вашето живописно место и полн сум со разновидни своевидни интересни впечатоци.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
На 22 јануари 1941 година пристигнал во Белград, каде што заедно со американскиот амбасадор во Кралството Југославија, Артур Блис Лејн, направиле неколку посети на југословенските државници и генерали.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На неа присуствувале претседателите Черчил, Сталин и Рузвелт во присуство на министрите за надворешни работи. 141 На 9 март Форин офис го известил британскиот амбасадор во САД , Халифакс, за задоволството што го предизвикала во британските политички кругови информацијата за ставот на САД во однос на југословенско-бугарскиот сојуз. 146 Британците биле сосема свесни за „традиционалната“ заинтересираност на Србија и Бугарија за Солун и дотогашното одржување на статус кво „поради нивните спротивставени интереси кон него“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Со договор меѓу надлежните служби на Американската и Британската влада и редакциите, Стојан Прибичевиќ, како воен американски дописник, и Џон Талбот, дописник на британскиот печат, беа одредени за први акредитирани сојузнички дописници и беа првите што пристигнаа во Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ. 135 Конференцијата на Јалта траела од 4.-ти до 11 февруари 1945.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И покрај дадените уверувања од страна на југословенските политичари и генерали дека односите меѓу Кралството Југославија и нацистичка Германија се добри и дека Кралството Југославија не е загрозено од Германија, тие не го увериле американскиот пратеник во искреноста на нивните искажувања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тој беше пристигнал в црква многу пред сите други, ако не и пред Петрета Питропот.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Жената остана малку вчудовидена и веќе не знаеше што да рече, но веќе и пристигнаа во Струга.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
По повеќе од половина час заморувачко клинкање, кога Едо почна веќе да чувствува дека пределот околу него обраснат во зеленило нема доволно воздух за неговите гради, пристигнаа во некое село во кое згрмадените приземни селски куќи беа како напикани и задскриени под сенките на огромни дрвја.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ѝ кажав на мајка ѝ на Ило да ги однесе до таксито кое ќе пристигне во секој момент Чекав и се тресев, како тоа да беше најважното нешто во мојот живот.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
За да проверам дали сум во право со сомнежите, веднаш се јавив на мајка му. Ѝ кажав дека син ѝ нема клуч и дека јас сум замината, па затоа тој во секој момент треба да пристигне во куќата.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
8 Пристигнав во Западот. Започна мојата душевна рапсодија. Животот со дечко ми.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
На 4 септември карванот пристигнал во богатата оаза Себа, а на 12 септември - во Сокна.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Откако кон средината на февруари во Пловдив добил виза од Турскиот комесар, преку Одрин безбедно пристигнал во Солун.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Д. Мечев пристигнал во Солун исто така без проблеми.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И така, од населба до населба, патувајќи низ предели во кои и до 200 километри не можело да се најде вода, на 29 септември карванот со бившите македонски заточеници пристигнал во Триполи.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Отпосле Орце дознал дека Евангелидис, преку комисионерот Џан Милиѕанис, ја подигнал „стоката“ - 1.000 кг. динамит пристигнат во Деде-агачката царинарница.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Атентаторите дознале дека паробродот “Гвадалкивир“ ќе пристигне во Солун на 27 април, а ќе замине следниот ден.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
По големи перипетии, лишувања, страдања, пржени од несносното сонце, жедни, некои болни, на 6 август пристигнале во Мурзук, најголема населба во областа Фезан.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Динамитот добиен преку Кочани и Велес во Солун пристигнал во февруари 1903 година.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во април 1902 година Орце пристигнал во Софија од Женева.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Предиспонирани кон индивидуален вид на борба, тие веднаш ги прифатиле идеите на Мерџанов и Манџуков, кој, ослободен од затвор, исто така пристигнал во Солун.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)