пристапи (гл.) - до (предл.)

Се симнавме по скалите и пристапивме до масите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Свиркајќи тивко од нас се одвои Петко, пристапи до платнениот ѕид и од брз замав го расцепи со нож.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога пристапија до портата, граѓанинот цврсто ја тргна железната алка од портата и со растојание чукна на портата трипати по три.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Брат ми веќе беше пијан; се беше вцрвенил во лицето, движењата на телото му беа побрзи од обично, зборуваше со онаа топлина во гласот што ја имаше кога беше момче, а јас дете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)