„Обеси се“, му рече Арсо Арнаутче. „Сега остави го Никола Влашки да каже што му е на детево.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Присеќавајќи се, наназад, во однос на судските такси и трошоци, С. С. вели дека тужбата го чинеше околу 2.000 МКД, а нивното чинење не го одврати од помислата да тужи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А кога Никола Влашки ја крена дланката од моето чело спомнувајќи не знам каква болест и присеќавајќи се на не знам какви треви и пелини, некаква милолика женичка ми подаде чаначе со надробен леб во млеко и лажица од жолто дрво и нешто кажа - гладен е, или млекото лекува, или - живите боледуваат, мртвите гнијат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Иако изгледа лесно да се набројат придо- бивките – сепак, психичката тортура, партиските притисоци и стравот од новото утро се „невидливата рана“, што се нанесе и остана да трае.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)