Толе се присети дека во апцаната кога лежеше за Аќифа имаше разговор со некое ореовчанче за вакви работи, но тој не му даде тогаш никакво особено значение.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тогаш сестрата се присети дека тоа движење го беше видела во ходникот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тој се присети дека уште три нешта не стигнал да направи: - да си ги бакне внучињата, - да ги полее розите во дворот, и - да му дотури масленце на кандилцето кое трепкаше спроти него.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Се присети дека времето и љубовта секогаш не одат рака под рака.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Го лади ушето и се присетува дека и како дете исто вака го касна пчела, на истото уше и на истиот негов мек дел, јаготката, каде што носеше обетче што му го имаа ставено да не фаќа урок.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
„Ајде, ајде, поткрени се!“ Едо се присети дека се искачија толку високо од каде што можеа да го видат морскиот брег од другата страна на островот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога првпат ја добив на телефон, ѝ требаше минута молк за да се присети дека некогаш воопшто била „удата за тог господина“, зашто бракот бил повеќе мување и траел помалку од еден месец!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Се присети дека, таму некаде кон крајот на осумдесетите, кога веќе беше јасно дека комунизмот ќе пропадне, тој и стотина негови пријатели од факултет се собраа пред собранието, барајќи слобода на говор, демократски избори и подобри услови за живеење во студентските домови.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Мече дури тогаш се присети дека меѓу ископаните купишта земја крај каналот и на реката, виѓаваше многу корења испреплеткани во чуден сплет.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Маргина 34 63 Откако со лифт се качи до нивниот кат, таа го бара клучот во нередот на својата чанта, но не успева да го најде, а потоа се присеќава дека при избрзаното излегување од хотелот го беше спуштила во џебот од панталоните.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Понекогаш на Дејв му беше тешко да се присети дека ова грубо, намуртено суштество кое постојано го напаѓа всушност е неговиот сопствен син.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Не беше ли точно дека почна да стреми кон екстравагантен живот што го одвојуваше од мноштвото на неговото скромно и сиромашно стадо?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се присети дека со женската интуиција лесно ги насети опасностите и стапиците и се обиде да му укаже на пропустите и на грешките. Залудно.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Мајка ми често се присетува дека секогаш се радувале тие трите, таа и моите две тетки, кога биле мали, штом дедо им Марко ќе почнел да им ја кажува.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ги спуштив рацете. Се присетив дека таа, како и многу други девојки од овој крај, е наелектризирана.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Господинот Гологанов притоа секавично се присети дека кучето, пред да дојде господинот Гроздановски, беше невообичаено затаено, како во очекување на нешто.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)