Таа се припи кон него. Останаа така долго, молкома.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Потскокнав со подзината уста, но чичко Лозан ме фати за рака и ме припи кон себе.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Белите хризантеми се навалија една на друга, жолтите листенца - коку што можеа - се припија кон влажната земја, а трите розови пупки замижаа од страв...
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
И кога се најдовме, според зборовите на Татко, на самата граница и кога змејот повеќе не се појавуваше, ние сите посилно се припивме кон прегратката на нашата мајка.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)