Ниту пак врз она кое ние ќе го нарекуваме логоцентризам: метафизиката на фонетското писмо (на пример, на алфабетот), која, во основа, - од таинствени, но суштински причини, недостапни за еден обичен историски релативизам, - беше само најизворен и најмоќен етноцентризам, денес оди кон тоа да се наметне на целата планета, наложувајќи ги, во еден и ист поредок: 1. поимот на писмото, во еден свет во кој фонетизацијата на писмото треба, продуцирајќи се, да ја прикрива сопствената историја;
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сепак, за нашата епоха е својствено тоа што во мигот кога фонетизацијата на писмото - историското потекло и структуралната можност на философијата како наука, услов за epistémѐ - настојува да ја освои светската култура2, науката повеќе не може да се задоволи со неа во ниедно од своите напреднати подрачја.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)