Беше задолжена за тешките случаи и две затворени жени умреле задавени од нејзините раце на поларна мечка, извежбани до уметност за убивање од невнимание.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Човекот не може да лета, тој е прикован за земјата.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
9 Мотив: црквата и гробиштата: Оддалеку најпрвин се забележуваат крошните на столетните дрвја припиени една во друга, грабејќи го лакомо просторот полн сончевина и отворен кон езерото до кај што окото гледа; црковната ограда е ниска и тие ја наткрилуваат, се префрлуваат преку неа со своите крошни, ги пробесуваат и ги спуштаат како зелени водопади; кога ветерот ќе го разниша зеленилото, се покажува камбанаријата и црквата издупчени од гранати; при секое удирање на камбаната, малтерот се лупи и паѓа како кожа од рани; на влезот од црквата сѐ уште стои на ѕидот св. Ѓорѓија качен на коњ и со копјето ја држи змијата прикована за земјата; наместа малтерот е паднат, та змијата е излупена во опашката, но јазикот ѝ е црвен, свеж и заканувачки издаден; гробиштата околу црквата се расфрлани без ред.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Побегна преплашена, трчајќи надвор од спалната, но пред да стигне до влезната порта, болничарката во механичарски комбинезон ја зграпчи и со еден удар ја прикова за подот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Клун на птица можеше со еден удар да ми го ископа срцето, штрковите можеа да ме приковаат за земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Нивното движење беше нивни живот без страв од бегови и од чуми, и затоа уште позагатлив во својата величественост. На патот се исушив.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како да може со куршум да ја прикова за ѕид.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)