- Таа и тебе ќе се обиде да те грабне, ќе видиш! Не затоа зашто ѝ се допаѓаш.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не може да се одбегне заклучокот што се наметнува од достапната документација дека на Второто заседание на АСНОМ слободата на мислењето и на јавниот збор била подредена на повисоките интереси, но интереси кои биле во спротивност со изразената волја на македонскиот народ да живее обединето.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но, работодавачите најдоа свој специфичен начин на изигрување на оваа законска одредба – а тоа беше преку носење на т.н. нова систематизација на работните места, во којашто, намерно, го изоставаа работното место на работникот кој бил прогласен за технолошки вишок, или, пак, само го преименуваа – сѐ со цел да прикажат дека не станува збор за истото работно место. 40
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Сѐ било режирано за да се прикаже дека иднината на македонскиот народ е само во склоп на федеративна Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Инаку ќе ни се смеат гостите и ќе прикажуваат дека не сме биле добри домаќини.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Таа слика не ни мораше да прикажува дека постојат две бубачки, возрасна и кукла, бидејќи дотогаш веќе ги имав видено телата на обете.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Нели, многу смешно - се трудеше Катерина да се разведри, или само да ми прикаже дека не држи многу до тие сеќавања; и наеднаш, откако се потпре со едната рака на мојата подлактица неочекувано потскокна, се протегна колку што можеше за да дофати некој лист од гранката, но тоа не ѝ појде од рака, и откако се спушти на земјата ми се приближи, ме опфати со двете раце и ме привлече кон себе.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)