прикаже (гл.) - двајца (бр.)

Машката геј-култура не се преправа дека е амбивалентна кон естетското совршенство, а не може ни сосема сериозно и искрено да тврди дека е критички устроена кон него. ‌Локус класикус за оваа спротивставеност меѓу аполитичната или дури и реакционерна естетика на машката геј-култура и искрениот политички ангажман во борбите за општествен напредок е романот на Мануел Пуиг од 1976 Бакнежот на жената пајак.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пуиг прикажува двајца општествени изопштеници: првиот е геј-маж маѓепсан од филмска ѕвезда, чии гламурозни филмови што се случуваат во денешницата, полни со восхит кон повисоките сталежи, изворно требало да служат за ширење нацистичка пропаганда; вториот е стрејт, строг, идеолошки исправен марксистички револуционер, чии политички заложби исто колку и неговата хетеросексуалност исклучуваат секаква наклонетост кон педерлакот и естетичноста (особено кога се работи за естетичност од таков реакционерен вид).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)