признае (гл.) - и (сврз.)

Слободата на совеста е признаена насекаде; таа е и ќе биде признаена и кај нас.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Никогаш песните на Анте Поповски не примиле толкава слабост, но и не покажале толкава доблест достојно да ја признаат и пречекаат, токму неа, слабоста што нѐ прави исти и еднакви со себеси.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ќе работите извесно време, ќе ве фатат, ќе признаете и потоа ќе умрете.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Единствена грижа му стана како да открие што е тоа што тие сакаат да им признае и потоа да го признае брзо, пред мачењето одново да почне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Слободната литература секогаш ме исполнуваше, но еден дел од мене копнееше за нешто како ова. Нешто што е признато и градено со генерации.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Разбра? - Ништо не разбрав, - признав и го оставив на мира катанецот од велосипедот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мандес Франс тогаш веруваше дека Израел требаше да го признае ПЛО, одбивајќи да го признае и да се сретне со Арафат пред тој да го мине Рубикон.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Земете, велат, и ако признаете и се запишете дека сте Бугари, повеќе ќе ви носиме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Немам разбирање за тие, кои сѐ уште не го скршија од усните печатот на молкот и јавно и отворено не признаа и не покажаа со прст на виновникот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Такви бевме и тоа го признаа и противничките генерали кои во своите извештаи, мемоари и воени бележења напишаа дека – нофитите – значи Македонците, се борци со силен дух, голема физичка издржливост и над сѐ многу храбри борци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)