„Тоа е само површниот впечаток,“ рече брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Тоа значи дека овој свет е создаден за агресивните,“ рече Сара, стана од клупата, со раката ни даде знак дека сака без помош да почекори, и стигна до оградата на детската градинка, придржувајќи се за решетките.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Никогаш така не сум трчал по угорница: зазбивано и молневито се пробивав низ калливи трапишта придржувајќи се со рацете за шибјето отстрана.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Нека се замрачи, ќе одиме понатака да бркаме работа — одговори Толе, придржувајќи се на упатствата што му ги даде Бешот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За гозбите денешни што да прикажуваме: тие беа нарачани сношти за педесет души аскер, за два чауша, пет онбашии и еден муљазим, а сега ги јадоа само шест души Толева дружина и седум членови од новиот комитет.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)