Таквите можности се кодирани за родот и се поврзуваат со него, но во нив не се работи конкретно за родот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Така, геј-субјектот кого го влечат тие афективни или дискурзивни можности може да не изразува толку идентификација со жените колку привлеченост кон културните вредности што се поврзуваат со извесни практики што, ете, генеричките конвенции ги кодирале како женствени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како што пред извесно време нѐ потсети Стјуарт Хол, „идеологијата како општествена практика се состои од ‘субјектот’ што се позиционира во конкретниот комплекс, во објектификуваното поле на дискурси и кодови што нему му се на располагање во јазикот и во културата во даденa историска конјунктура“.368
Па кога машките субјекти кои пожелуваат мажи ќе заземат женствена позиција, тие можеби не ѝ подлегнуваат толку на неумоливата сила на некој крут склоп од општествени норми – на општествената логика на хетеронормативноста – колку што можеби гравитираат кон извесни афективни и дискурзивни можности што веќе постојат во пошироката култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Попрво, тие си придобиваат конкретна родова асоцијација преку диференцијалното обродување на жанровите што ги создаваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)