привршува (гл.) - со (предл.)

Третиот ден, сонцето беше на заоѓање и Јован требаше веќе да привршува со работа за дента.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа е како нешто кое во некое ќоше на животот никако не привршува со умирање, како оној човек на Буцати кој, враќајќи се дома ноќе, поминувајќи низ ходникот, згазнува лебарка.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога привршуваа со чатијата, стаса ново писмо од брат му Тане.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ги докрајчуваш принесените жртви, привршуваш со ритуалот и ладнокрвно ја чекаш конобарката да ти донесе сметка, бомбончиња и влажни марамици.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Токму кога привршуваше со бричење на последните преостанати влакненца, замавна незгодно со бричот и му го симна скалпот. Черепот на Х беше отворен.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)