Се направи во темницата валкарница; пискотници и пцости го заглушуваа воздухот, а војниците од другите краишта на тврдината почнаа да се прибираат кон портата и да ги празнат и своите пушки и пиштоли, стрелајќи во неа т.е. во тие што излегуваат од неа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Но набргу, како одговор на тоа негово тешење, пак по неговата дира, зеде да се прибира кон неговото стебло, со едно сосема бесшумно довлечкување на свитканите нозе, познатата прилика на упорниот мршар.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го остави северниот крај слободен, не за да го пушти Толета да избега, ами да му го поттера на оние јузбашии, што исто така ноќта ја навртеа војската на дветри стотини метра до селцето и залегнаа на пусија во густите смреки и грмушки од Никулица, Нежилово и Клен за да го дочекаат скриени зад карпите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Нека кршка, нека кршка, Неговиот правец е преку река, — им рече тој на јузбашиите и прати едно одделение да ги извести оние јузбашии, што беа по левиот брег на реката за да се приберат кон селата Вепрчани и Гудјаково и да го чекаат арамбашата Толета со неговата дружина.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Него сѐ уште го немаше, па чичко Лозан со нетрпение постојано шеткаше де горе, де долу, а кога еден Германец се појави на влезот, тој ме прибра кон себе.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)