Шетајќи по панаѓурите низ Мариовските села, уште во првата година од женењето, на Спасовден, се запозна во Полчишта со Јована Мачникот и овој го прибра кај себе за да го научи на неговиот занает.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Верувала дека Господ го прибрал кај себе синот нејзин, ангел го престорил, за да му служи. Нему и на Небесата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И ќе се молам, цела ноќ ќе му се молам на господа, поскоро да ме прибере кај него, кај децата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Да видиме кај Англичаните, велам, да не се прибрал кај нив?...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дури одоздола, од петиците до темето ќе ми помине и јас ќе се приберам кај децата. А којзнае дали вошките не ни ја донесоа таа палена болест. 79
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во ходникот ги дочека другиот измеќар, поправо измеќарка, младото Кате, шеснаесетгодишно девојче, ќерка на чифчијата — ковачот Стевана, кое Адем го беше прибрал кај себе, ете така, да му ја краси кулата, да ѝ прислужува на каданата и да внесува кафе ракија кога ќе му идеа гости од машки пол.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Крцкањето и цивкањето на пружината, шепотот на Нанчо во кој навираше неговата страст или она женско Не, нее, не така... полекааа... од ноќ во ноќ сѐ побезобразно, сѐ поотворено, сѐ понападно, уште пред самиот да ми рече дека му пререкле од мензата дека треба да си заминам оти скришум ме ранел од таму, појдов до мојот вистински вујко, братот на мајка ми, кој во тоа време имаше навистина светла, просторна и убаво наместена одаја во една од зградите на Автокоманда со молба да ме прибере кај него додека дојдат моите од Војводина.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)