пречи (гл.) - нејзин (прид.)

Само така мајка ми ќе дојдеше од кујната или од бањата каде, колку што ме држи сеќавањето, постојано переше во едно корито потпрено врз дрвена штица на кадата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се обидував да не ѝ обрнувам внимание за да не ми пречи нејзиното неразбирливо брборење.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Татјана беше многу убаво бебе. Кога ја донесоа од болница не ја сакав и ми пречеше нејзиното присуство во куќата во која јас не бев повеќе оската на вртење.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)