пречекори (гл.) - напред (прил.)

Тој дојде до чешмата, подзастана пред двајцата војници и кога се увери дека немаат што да му замерат, пречекори напред и од рака се напи вода.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тогаш Шишман онаков несмасен и несмасно пречекори напред ширнувајќи ги рацете, го собра Љакета во прегратката со целата негова расфрланост и го стегна качејќи му го глуждот во крстот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој речиси и пречекори напред, кога рацете веќе заминаа сами по таа мисла и набргу пушката беше нешто сосема вистинско во нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)