пречека (гл.) - и (сврз.)

И поп Петко затоа излезе: да го дочека Ѓура како шура, да му се извини нешчо ако згрешил што им зел на децата и жената некоја пара повеќе, за некое и друго кило жито а повеќе да го пречека и да си го прибере Крчето, да му благодари на Ѓура што го доведе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По обиколката на Имотот, при којашто тој и другите главешини (на предлог на мажите што го пречекаа и кои и понатаму го придружуваа) си избраа коњи од ергелата, Потковицата, заедно со Имотот, заедно со стопаните, заедно со сите нејзини жители и со сиот нејзин синор, од свое име, и од име на победоносната војска, му ја подари на својот султан, како израз на верна љубов и длабока покорност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Целото село се радуваше и се готвеше да го пречека и да го поздрави Крстан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Додека Ѓорѓе го преспиваше денот, Рада мораше да ги пречекува и двори новите гости кои доаѓаа на честитање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се чудеше зошто не го праша брата си Тодор да ја пречека и подземи?
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Мажите и жените што нѐ пречекаа и нѐ сместија во вагоните, откако тргна возот нѐ прашуваа: - Шти романешти?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Па тие и ги дадоа децата да им ги чува и заради тоа не отиде на фронтот, а таа ги напушти... - така велеа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Скопскиот беглер-бег беше и паша – командант на скопскиот гарнизон, та нареди, еден табур од двеста души платена редовна војска да тргне во оваа експедиција, а во Кавадарци го пречекаа и му се придружија тиквешките бегови на чело со Јашар-бег со петстотини свои луѓе и уште толку башибозук, собран по целата Тиквешија за пљачка по Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Почна да мисли на групата печалбари што требаше утре даги пречека и да ги поплени.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Оди си! - налутено го пречека и поточето. - Ти си лошо славејче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)