пречека (гл.) - чудно (прил.)

Кога се развидели, луѓето тргнаа кон црквата, но попот ги пречека чудно: не ги правеше оние вообичаени движења пред да започне со богослужбата: ставање петраил, земање кадилницата, стоење извесно време свртен со грб кон народот, а потоа со лицето, ставање молитвеникот на сталката, отворање на книгата, прекрстување и започнување со читање - туку застана пред олтарот загледан строго кон луѓето како судија во судница и почна луто:
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)