пречека (гл.) - во (предл.)

Жената со муцка на лициса ме пречека во дворот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ќе останат во моето сеќавање, но ќе оживуваат кога немирните бранови на историјата ќе ја носат судбината на Арафат и Палестинците до бреговите на надежта...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со него беше и кметот кој го пречека во селото и му даде некои документи со кои располагаше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ноќта го пречека во својата темна челуст.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сите брзаа да му излезат во пресрет, да го поздрават и да го пречекаат во домовите најмилиот пролетен гостин: сонцето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Арафат ме пречека во својата војничка униформа, крај палестинското знаме, со сите симболи на палестинската државичка која ја претставуваше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оваа прва Нова година по земјотресот знаев дека скоро никаде нема да се пречекува во градот така како други години.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)