Средствата за информирање ударно соопштуваа за снежни навеви, отежнати премини - Ѓавато, Пресека, Стража, Крушево, Маврово, Попова Шапка... а воедно дека зимско-рекреативните центри со снежна покривка ќе ги пречекаат гостите... снег падна и во охридско=струшкиот регион но не се задржа. ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ти немаш каде да ја примиш. Срце што нема за себе конак, не може да пречека гостин!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Трајко ги пречека гостите домаќински и уште околу полноќ ги испрати горе Смечот, за да им однесе по три дни леб со магарето и да си набере дрва.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Цело попладне Зоки пречекува гости.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
На денот, пак, на доаѓањето на султанот во Потковицата, жителите на Потковицата, на чело со Акиноските, мораа да излезат дури на Алилово и да ги пречекаат гостите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Негов идеал беше да го пречека гостинот и да му подари фотографија со трн, а за возврат да добие нешто во вид на писменце, предмет, порака, мисла, потпис.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)