пречека (гл.) - некој (зам.)

Во чизмата го пречека некое зелено чудо со големи и ококорени очи.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Влегоа во првата врата лево каде што со поткревање на главата ги пречека некоја сневеселена девојка. „Почетник?“ праша девојката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во отоманските простории на Судска медицина ги пречекаа некои лица под гази и со гумени ракавици, кои би можеле да му бидат некогашни колеги од студии или вонземјани ангажирани за хонорар, што ги одведоа до една поголема просторија како семинарска читална по чии ѕидови место рафтови со книги се редеа кофчежиња за картотеки.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)