Доколку инспекторот на трудот по повторената контрола утврди дека работодавачот не ја отстранил неправилноста за која еднаш веќе му е посочено дека ја сторил во тој случај инспекторот е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред прекршочната комисија согласно закон. (чл. 6) Со измените на Законот за минимална плата од 10.02.2014 година е прецизиран износот на минималната плата и е предвидено дека истата ќе изнесува 10.080 денари во нето износ која ќе започне да се применува од 1 јануари 2016 година. (чл. 1 и чл. 6 од ЗИЗМП/фев.14) Со оваа измена на законот е направена своевидна дискриминација на работниците кои работат во текстилната, чевларската и кожарската индустрија, кои важат за трудово-интензивни дејности, каде е предвидено дека минималната плата во овие сектори ќе биде во помал износ и тоа за 2014 година минимлната плата во овој сектор ќе изнесува 7.500 денари, во 2015 година 8.050 денари, во 2016 година 9.000 денари, во 2017 година 9.590 денари и во 2018 година нејзиниот износ ќе биде 10.080 денари. (чл. 4 и чл. 5 од ЗИЗМП/фев.14) Со измената на Законот за минимална плата од 05.12.2014 година дојде до измена на чл. 7 со што е направено своевидно поострување на глобите за работодавачите и за одговорното лице во правното лице, доколку не му биде исплатена минимална плата на работникот утврдена според закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со првата измена на ЗРО (2005), висината на казната кај овие прекршоци не претрпе крупни поместувања – бидејќи 64 само се прецизираше износот на глобите, кои сега беа изразени во евра (1.200 ЕУР), наместо во денари (чл. 28, ЗИДЗРО/авг.08).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)