префрли (гл.) - свој (прид.)

Тогаш тој ја префрли својата стара и сува рака преку моето рамено и со дедовска љубов ми рече, Умнице на деда, ми рече и додаде: „Кога нешто е важно а тешко е да се каже, ми рече, тогаш е најдобро да се остави молкот да рече што ќе рече“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ненадејно, и со оној вид на жесток напор со кој човек ја врти главата по перницата во ноќните мори, Винстон успеа да ја префрли својата омраза од лицето на екранот врз темнокосата девојка зад него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш таа трагаше по последниот можен релеј до своите, преку својот братучед Фетхи-беј Окијар, тогаш амбасадор во Лондон, со цел да го префрли својот постар син повторно во Цариград, а потоа и помладиот син и ќерките.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)