Се чини дека Дерида сака да објасни дека Теут ја одразува приказната за Тот, и дека неговото присуство кај Платон влегува во рамката на одредена структура на западната мисла, онаа според која пишувањето е осудено како лажно и изведено, наспроти гласот, за којшто се мислело дека претставува извор, пренесувач на вистината и носител на „присуството“.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Третото поглавје од првиот дел на “Фармација”, делот кому му претходат трите епиграфи, зборува за присутноста на египетскиот мит за Тот, когошто го споменува ликот на гласникот Теут, во Платоновиот Федар.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)