претставува (гл.) - највисок (прид.)

Секое регионално собрание, преставувајќи го јадрото на власта на идната држава, треба да направи две основни работи: да го претставуваат највисокиот законодавен орган во одделни региони и да делегираат нивни претставници во АВНОЈ, централниот југословенски Парламент".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
II Хегеловиот филозофски идеализам претставува највисок степен во развитокот на немската класична идеалистичка филозофија.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Изборот и поредокот на неговите книги во библиотеката требаше да ја претставуваат највисоката точка и падот, односно кривата на егзилот, како излез и спас.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Иако во времето кога го поднесувале извештајот „правните надлежности на АВНОЈ (и на Националноослободителниот комитет) сè уште не се јасно дефинирани“ и „сѐ уште не се зацртани границите меѓу регионалната Влада и централната власт“, тие сметале дека „би требало да се очекува, централната Влада да има неограничена власт, а регионалните влади сѐ уште се ембриони не само по форма туку исто така и во однос на власта. ‘Прашањето за федерацијата’, ќе напише Тито, ‘им е познато на многу наши граѓани единствено како израз –‘федерација’– кој претставува нешто подобро отколку она што беше во стара Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)