Ако и ние ја сакаме нашата татковина и самите себеси, тогаш и ние треба да ги претпочитаме нашите месни македонски интереси пред општобугарските, општосрпските, општогрчките.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- Не, јас си ги претпочитам нашите, домашните, обичаи од дедо прадедо што си ги славиме, што ни се наше вчера и дамнина, што се наш белег и не прават подруги од другите - со роднини и пријатели, со слатко и водичка, со винце, мезе, печено и варено, седнати околу софрата, со песна народска да славиме, да се веселиме и на вигната, сред село, оро широко да виеме...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)