престори (гл.) - обичен (прид.)

- И што мислиш, дали еден првоборец може да се престори обичен убиец, или така нешто, или тоа е забрането?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Овој сон ми наиде откако ја бев издал онаа избрзана наредба: патот да се пушти во употреба на Први мај !
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ајде, ти си сериозно момче, не туку тропај - ме предупреди Господ Саздов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога наеднаш машината здиве и тргна кон мене, но веќе не се движеше лазејќи, се знае колку бавно се движат валјаците, туку се престори животно; троглава аждаја со осум нозе; и јурна тоа чудовиште да ме брка за да ме престори обична страница за нашиот гратски весник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се клешти и ми се заканува: „Сакаше за празникот да ја имаш првата страница? Еве, ќе станеш цел лист, само да те престигнам!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)