Сите со столетија кои влегувале и излегувале од пештерите на Адам; од мигот кои правеле вечност и од вечноста миг; од древности кои собирале ѕвезди во пустината и сушеле месечини по планините; сите кои се пресоздавале во камења што летаат на своите страдања - се раѓале со молитвеник в рака.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Дури беше силен моливот - тој и душата своја ја пресоздаваше во значења и знаци и тој тоа го правеше со големи пориви, со голема жар: уште недозапишан претходниот - тој од твоите усни го читаше и поземаше веќе наредниот збор, го обликуваше покрај другите и им го оставаше во наследство на времињата и незнајното.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ах, тој молив, човек во човека На Јован Павловски Кога ќе докрајчи моливот, кога ќе снема сили никакви траги да остави зад себеси, човек не треба ништо да му зборува, ништо да му доверува.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Јатката на моливот, сите мои копнежи и тајни ги пресоздаваше во зборови и таа нејзина дарба е дело на голем и свет оган, низ кој се топела и претопувала нејзината света твар, сѐ дури низ тој оган и самата не се пресоздала во мое сеќавање.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Сега, засекогаш тој ќе ги изуми и сите имиња, сите адреси, алегории.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)