пресмета (гл.) - ризик (имн.)

Но, за жал, поради сплетот на идните бурни настани што допрва следуваа, иако подоцна немаше второстепена постапка по жалба, оваа пресуда, која во октомври 1999 стана правосилна и извршна, никогаш не е извршена – ниту доброволно, ниту присилно [а веќе е и застарена].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сепак, се чини дека оваа казна и не е многу голема за некои големи компании кои, свесно и со пресметан ризик, можат да си дозволат да ги кршат работничките права.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ваквите тенденциозни и штетни измени наместо да ја потврдат целта на казнувањето како генерална и специјална превенција, тие напротив делуваат стимулирачки за одредени работодавачи, кои свесно и со пресметан ризик, ќе продолжат да ги кршат работничките права; б) исто така, до драстични и суштински промени кај висината на глобите и прекршочните поведенија за кои се пропишуваат дојде и кај чл. 265, кој ги регулира т.н. „полесни“ прекршоци за работодавачот: ● со измените од септември 2010 година дојде до зголемување на висината на дотогаш пропишаните глоби од 1.000 на 3.000 ЕУР за работодавачот – правно лице, казната за директорот, односно друго одговорно лице порасна од 600 на 1.000 ЕУР, додека пак работодавачот – физичко лице ќе биде казнет со глоба во висина од 2.000 ЕУР, која е за 1.200 ЕУР повисока од претходно пропишаниот износ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Но, овие луѓе на кои им дојде „нож до коска“ од долгогодишните шефовски лаги и глумења, беа подготвени на ваков пресметан ризик уште од почетокот на борбата, па останаа упорни и солидарни во заедничката битка – и воопшто не се плашеа од негативните консеквенци и реперкусиите кои следуваа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, неможејќи повеќе да го истрпат понижувач­ кото однесување на новопечените газди и нивните послушници, скоро сите „порцеланци“, како што имаа обичај да се ословуваат меѓу себе, решија да организираат штрајк против условите за работа и да бараат исплата на заостанатите плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)