прескокне (гл.) - и (сврз.)

Нешто стравотно, што чекаше во иднината да се случи, беше на некој начин прескокнато и не се случи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еј, разбегајте се отука! Вие мршојади проклети, оти сега удрив во дното, па можам да ве прескокнам и надскокнам!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој подлец изгледа го имаше веќе здогледано наближувањето на непријатностите па сепак, во огледалото, со чудна ноншалантност си го бришеше со белата мека крпа измазнетото лице , а потоа не го прескокна и она долго размачкување на помадата по образите и по челото без да стори ниту еден неприличен гест, или барем да побрза и да ми се тргне од пред очи, како што постапуваше многу често.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)