И вечерта се разделија. Сарафов со своите луѓе и стотина четници месни раководители што сакаа „да се одморат“ се збогува со тие што не сакаа „да се одморат" и предводен од Тошета и Игета од Беловодица, околу полноќ го пресече џадето Прилеп Градско меѓу селата Плетвар и Лениште и до зора ја фати Бабуна и Никодинска планина за да го продолжи својот пат преку Вардар.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)