пресече (гл.) - нога (имн.)

— А ако ми ја пресечат ногата?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мене ми се пресекоа нозете. Почна да ми се врти во главата. Во ушите ми бучеше и сиот се растреперив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
— Ами, лек?! — Лекот е ножот, вели, ќе ти ја пресечеме ногата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мора нешто да ѝ се случило. Ми се пресекоа нозете.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Автоматски рафал ми ги пресече нозете.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)