пресече (гл.) - леб (имн.)

Беше август кога мајка веќе не можеше да излегува од дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А потоа почна да не ги распознава нештата, да ги побркува – го земаше ножот за да пресече леб со него, а потоа помислуваше дека е игла и бараше од мене да ѝ донесам кошула за да ја закрпи со ножот, компирите ги редеше во шкафот за чевли, и онаа кукла – парталче со избледена крвава трага преку неа, сигурно во еден миг за неа се претвори во птица која ја пушти да одлета.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)