пресече (гл.) - глава (имн.)

Андартите се вратија, го изгореа Жиово и со секира на прагот во Бојковата куќа им ги пресекоа главите на осумнаесет мажи што не сакаа да се погрчат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа го направи и Јовановиот четник Брајан од Жиово, та стана капиданис Брајанис и ги одведе андартите во своето село Жиово да го изгорат, а сам со својата рака му ја пресече главата со секира на својот роден стрико „Бугаринот" Петка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во утринското сивило, куциот самовил, со извежбан, молскавичен удар на десницата, ќе му ја пресече главата на момчето- змија. Тревата ќе посини од крвта.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Замавна еден од зулумџиите со сабјата, ја пресекоа главата, во истиот миг. Потече крвта македонска, по дворот...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Уште сака сам да си ја пресече главата и сам да си ја носи под мишка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеби и нејзе и ја пресекоа главата како на жена и мајка на двајца султанови непријатели? He.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Децата спиштеа, жените затажија, изналегнаа на подот ничкум, чекајќи да им ги пресечат главите со исуканите јатагани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Премале Ристе Стале, и сејмените му се притокмија да му ја пресечат главата, за да ги набројат пред султанот сите бунтовници.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Претполагаа дека ќе ги стрелаат, можеби ќе им ги пресечат главите со јатаганите и после ќе ги закачат на колје за да се плашат ѓаурите од власта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нека ти ја пресече главата...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мајсторот му ја пресече главата и ја стави во темелот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)