Малото не знаеше уште убаво да зборува, но и да знаеше, тоа не го познаваше Толета, та уште кога го кладе на коленото почна да се тегни од него за да оди кај сестричето на Толета, со кое беше оставено денеска да го преседи денот додека да си дојдат мајка му и баба му од работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)