Тогаш таа била соборувана од средната категорија, која ја мобилизирала на своја страна ниската, преправајќи се пред неа дека се бори за слобода и правда.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа бавно се придигна, преправајќи се дека е болна, се довлечка до креденецот, отсече парче леб, го намачка со мармалад и му го подаде на Мирка.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Еден крупен човек кој го крши своето тело преправајќи се дека е никој и ништо, кој знае како се нашол тука поради тоа што е близок пријател на некој од послугата.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
„Абе, овој да не е некој комарџија“, рече еден од младите картаџии преправајќи се како боже тој на кого тие зборови се однесуваа е непостоечки.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Не мислам на тоа; не преправај се Луцијо; ова не е твојот обред со Фискултурецот“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ама, кога и тогаш Атиџе не се појави, стрештен си помисли на три работи: или таа си игра со него и се кикотка зад фереџето што не го помрднува, преправајќи се дека е некоја друга, колку да види до каде достасува неговата верност и приврзаност: или бегот ѝ забранил да доаѓа повеќе во амамот, зашто ѝ кажал дека ја открил: или пак таа не иде во амамот зашто е навистина болна.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Што е, кажи?“ „Онаа стомна зад вратана ...“ „Што - таа стомна?“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пак ме удри со колено по колено. „Не преправај се. Ти ја донесе онаа, малата со цицки на леунка.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Па уште толку да сме, не би можело наполно да заведеме ред: едни внатре продаваат, а други како кучиња пазиме пред вратата или вртиме наоколу и мавтаме со клоци по оние „бузовци“ што се вртат крај колибите преправајќи се дека нешто загубиле или пак се бунат дека се излагани.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ајде, си помислив, не преправај се, работава е сериозна и секој експеримент би бил сосема контрапродуктивен.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ангеле, Ангеле, му викале децата, стани, не преправај се, му викале, а тој ни да мрдне ни да претне...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)