препознае (гл.) - во (предл.)

за кучето кое од мирно седење почнува да повраќа, за папагалот розела кој умираше од глад додека некој не му го потсече клунот, за моите болести и абортуси - за сето тоа бев надлежна јас, јас сум била тип жена сопруга, тој просто ме препознал во таа квалификациона група што ја предвидувала некоја научна студија за типови на жени...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во САД една проминентна инстанца на оваа опсесија на завера може да се препознае во The New World Order на Пет Робертсон, но, како што неодамна видовме, има и многу други.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ако излезе со задникот напред, што значи предавнички, може некој заскитан куршум да го погоди во дебелите меса, но со тоа ќе може накако да се преживее во надеж дека оловото нема да му се препознава во црвениот образ.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Туку повеќе од обичниот свет, кој најчесто случајно заскитува по ликовните галерии и лаички се загледува во сликарските платна со малограѓанска претпазливост да не се препознае во некое од нив како во искривено циркуско огледало.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ване се сврте да погледне кого ќе види, надевајќи се дека некој се препознал во него па ќе се извини и ќе го одмине.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Постапката на Клајст се препознава во неговото откажување од праволинискиот тек на приказната, низ еден сплет од важни и неважни настани во времето, токму низ цел еден систем од напнатости.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
(Стануваше збор за една жена од Моенци која препознала во насмевката на мајка ми, во одот нејзин, и не се сеќавам ушто во што, вистинска слика и прилика на исчезнатиот братучед: „Ти негова ќерка треба да си, ништо помалку“, така ѝ рекла на мајка ми, и веднаш, како подисплашена, посакала да се оддалечи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„А јас не сум шугава“, и викнала мајка ми. „Фрлаш жарчиња а од пламенот бегаш!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мора да биде понеостра од идентификацијата на жените, кои можат да се препознаат во Крафорд врз основа на заедничката општествена положба, на заедничките искуства, борби и стремежи – односно, врз основа на некој степен на идентитет. ‌Геј-мажите, сигурно, можат да се идентификуваат со Милдред Пирс, но, бидејќи се мажи, не можат тоа да го прават направо и неиронично.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Колку и да е занесна и делириумска идентификацијата на гледачите мажи со ликовите од филмот, во нивната идентификација посредник е нивната родова различност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А штом и Милдред Пирс ќе почне да се гледа како претеран филм – како „изнасилен“ – односно, штом ќе престане да се сфаќа направо и штом ќе почне да се гледа со извесна доза на оддалеченост, надменост и иронија (како што не го гледала неговата првобитна женска публика од работничката класа), филмот се лишува од правото на трагична достоинственост, исто како Најмила мамичке, и беспомошно тоне во унижениот статус на мелодрама, на оној презрен и абјектен поджанр. ‌Геј-мажите, и покрај сета своја културна различност од стрејт-мажите, се сепак мажи, па нивниот однос кон мелодраматичната сцена на мајчинскиот судир затоа мора да се разликува барем во еден пресуден аспект од емоционалната вклученост на гледачките кои биле главната цел на класичните филмови со Џоан Крафорд и кои, во секој случај, ѝ биле најголемите обожавателки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Човекот се препознава во боите што живо играат околу него и ја обојуваат душата негова.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ми беше подарена радоста да ја препознаат во сопствениот живот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Беше само еден миг, во кој беше сѐ загубено, наеднаш чиниш беше замрзнато, а Језекил можеше добро да го види она, што го имаше момчето во своите очи; беше еден толку кус миг, само колку тоа скочането момче да може да погледне во Језекила, но старецот можеше многу добро и во истиот миг да го препознае во тој поглед она, што го измачуваше самиот него целото тоа лето, и само додека зина да му свика на тоа момче, речиси со бела коса од сонцето, да ја пушти копанката, момчето се отпушти од талпата и потона надолу; провалијата меѓу ѕидот и скелињата просто го проголтна неговото тело и го понесе низ оној тесен процеп меѓу скелињата и ѕидовите, што се стрмоглавуваше сѐ до подножието на зданието, а по него и неговата полна копанка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како е можно. Тој глас можеше да го препознае во милион, а сега направи превид.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе ме препознаеш во гужвата и весело ќе ми мавташ со левата рака, држејќи некој друг со десната... а во твојата насмевка јасно ќе се чита прашањето: „Од каде ли ја познавам... и како ли се викаше?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога се обрнало, тој забележал човек со невисок раст, во стар износен виц- мундир и ужаснато, го препознало во него Акакиј Акакиевич.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но ужасеноста на значајното лице ги надминала сите граници кога тоа видело дека устата на мртовецот се искривила и, откако повеала од неа страшна гробна реа и ги изговорила зборовите: „А!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ете, значи, поданици кои дословно се инкарнирани со угнетувањето чии што се жртви, принудени да се препознаат во државата што ги сотира мавтајќи им пред очите со нивниот сопствен лик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Помина со рака преку лицето, обидувајќи се да се препознае во новата форма.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вие сега одново сте решени со двата прста да му брцнете некому в очи… и така натаму,” овдека одеднаш го повиши тонот и, веќе, викаше разбеснето началникот, втурнат во лицето на Ема Ендековска, напрегајќи се во тие мигови да препознае во нејзините очи било кој друг што ќе може да ја разбере неговата тежина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сега се е Сега И сега се е Вечност Миг кога природата се препознава во мене И кога во мене се глодаат лути ѕверки Кога од мене истекува лошата крв На дивежот.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Кој ќе ме препознае во овој кафез Со уста на океан, со полици од коски Во кои се робува слободата?
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Кој сега ќе ме препознае Во овој кафез од зборови и метал Под кожата што е само моја? (Додека го пресликувам јазикот на ѕверот Додека тајно ја шетам болеста во ѕверот Додека си ѕидам сон крај ѕверот Додека го смислувам посланието до ѕверот Додека испраќам потера по ѕверот Додека склучувам сојуз со ѕверот Низ клучалката на книгата Ме читаат ѕверови, ѕверови, ѕверови.) Сега сум сам меѓу овие корици Во оваа архитектура од претпоставки За изворот на светлината Што ме допира откосо Во иследувањата на мостот Под кој тече Долго тече обидот Да се наслика нечија смрт. (Додека ламентирам во крвта на ѕверот Додека рикам со планината во ѕверот Додека го враќам светот крај ѕверот Додека го оставам аманетот до ѕверот Додека пекам пеколно по ѕверот Додека во крзно заспивам со ѕверот Низ клучалката на книгата Ме читаат ѕверови, ѕверови, ѕверови.) Кој ќе ме препознае во овој кафез Од зборови и метал, со реа на пресна Моч од животно што ја слави слободата?
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Го препозна во својот глас потсмевот на отец Симеон и се насмеа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Деконструкцијата секогаш расправа за маргиналното, и кога маргиналното станува централно во расправата, деконструкцијата веднаш се свртува кон нешто друго што е маргинално.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Успехот во уништувањето на стариот светоглед и воведувањето на нова шема на негово место е прифатен како позаслужен отколку кажувањето на вистинити нешта.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Овој сентимент може да се препознае во Кантовиот горд опис на неговата теорија како „коперниковска револуција“, во изборот на „коперниковска револуција“ за оваа достоинствена споредба, поради нејзината радикалност. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 77
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Вие се препознавте во мене или јас во вас?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сум се препознал во твојата постара сестра што ја оставив во далечниот југ.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Но оваа интерпретација е мошне разбирлива и причината е точно во овој карактер истовремено толку неопиплив и толку прониклив што сте му го дале на вашиот роман: многумина други можат да се асимилираат и препознаат во него.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не знае дали куферчето го препозна во сонот или сега откако се разбуди се сети дека тоа картонско куферче беше исто како едно на татко му што го имаа дома.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ѕиркав низ решетките, навнатре трудејќи се да препознаам во редовите автобуси дали еден од нив е мојот со кој требаше да заминам за Битола.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)