- „Да го видам и да умрам...“ - му прелета низ умот и тој се исправи.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Додека ја смируваше својата лутина, збивајќи го острото сечило во телото на Јурукот, некаква далечна, избледена слика, или одглас на некаков разговор, за миг му прелета низ главата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ова молскавично прелета низ главата на Давид, а потоа продолжи да се мачи, сечкајќи ги проѕирните парчиња крашка пршута со прелив од ананас и малите коцки рошфор сирење, додека срдечно кимаше со главата, отпоздравувајќи ги гостите на приемот!
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Во мигот кога посегнав по спружените алишта и не сакајќи се слизнав на тазе подмрзнатиот балкон, кој за несреќа беше на 13-тиот кат од зградата, каде живеев заедно со моето момче, ми прелетаа низ глава сите овие реминисценции, на кои во друг случај не би се сетила сигурно.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Беше Илинден 2002 година.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Тогаш ми прелета низ глава мислата колку беше тешко кога се простувавме од вујко ми.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
„Навистина требаше ти да го сториш тоа, помалку заради себеси а повеќе заради мене“, реков сосема тихо, и нешто непријатно како крила во мрачна ноќ прелета низ честакот на моите мисли.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Извини, веројатно претерувам, но ти ме учеше да не се затскривам зад насмевки или зад солзи.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Нему му прелетаа низ свеста забележувањата во врска со торбата и некако млако го согледа заклучокот дека сопругата како да излезе со некакво чувство на вина.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
На Мајка ѝ прелета низ мислите за спомените, мигот кога Татко реши, ноќта, да заминеме преку границата, низ Езерото, не многу време по италијанско-грчката војна во Поградец, една година по нивното патување во Италија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Минаа години откако барем една птица прелетала низ големата слепа школка на небото.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Се вознемирија и кокошките и почнаа да прелетуваат низ дворовите, плотовите, да грачат; започнаа од земјата, од дупчињата и пукнатинките, да излегуваат бубачки секакви гадинки и да растрчуваат вознемирено наваму-натаму како да ги брка некој, како пред оган.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)