прекрши (гл.) - ден (имн.)

— Веќе прекрши денот, вели Силјан Лилјаков, еве се затемнува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Занесени со кучињата, не сетивме кога прекрши денот, кога помина пладнето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Како што прекршува денот, рече Дуко Вендија, така прекршува и човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)