Попот прекина и тргна пред себе, газејќи по меката земја.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Прекина и погледна на командантите. На нивните лица - загриженост.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Јани прекина и лакомо влече од цигарата. Тишина, штама, колку за прездив.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Дедо прекина и ете, вака, трипати, прекрстувајќи се, почна да чита, влечејќи го прстот под секој збор: Царју, утешитељу, душе истини, иже вјездје сиј и всија исполњен сокровишче благих и жизни податељу, приијди и вселисја в ни, и очисти ни о всјакија скверни и спаси, блаже, души наши. Амин...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Јани прекина и долго трае тишината. Во тревата подгорена сал штурци потпевнуваат и одвај чујно лисјето шумоли.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Рада се кршеше како ветка. Дали сето ова да го прекине и одложи за некое друго време.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Трансформацијата на љубовната афера со Летка авторот веќе ја имаше преболено или ја преболуваше, но за чудо, што обично не се случува, тие останаа добри пријатели на кои разговорите им беа забавни, средбите многу поретки но не прекинати и секогаш проткаени со хумор.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Меѓутоа, поради сиромаштија, морале да прекинат и да бараат работа; Ина почнала да работи во некоја кафеана; таму била и танчерка и келнерка; таму го запознала и момчето во кое се вљубила, а кое ѝ ветило подобра работа во еден поголем град.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но, и сега не е доцна и тоа треба да се подвлече и да се искористи како пример и за другите Грци населени во Македонија кои се служат со тој јазик, нешто што се користи од странската пропаганда со цел да се оспори грчкиот карактер на македонското население.” Прекина и ме праша: - Што разбра од ова?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Службеникот ги запишуваше имињата со гласно изговарање Беелкаа, Стаалии..., но шефот веднаш го прекина и строго му се обрати на татко ми: – Не разбирам како тоа Сталинка, па Грда, не разбирам.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)